Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 41. седница, на којашто ќе заседава по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година. Од областа на урбанистичкото работење, Советот ќе расправа по одлуки за донесување на урбанистички проекти и прифаќање иницијативи од баратели за измена и дополнување на Детални урбанистички планови. Како и по Предлог-Програмите за: контрола на популацијата на бездомни кучиња и контрола на кучиња со сопственик затекнати на јавна површина на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година, одбележување на истакнати личности со спомен-обележја и спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година. Притоа, ќе уследат и Информации за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија, состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија. Седницата ќе се одржи на 12 април 2024 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година;
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година;
3. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите и поделба на ГП бр. 22 од Детален урбанистички план за стопанска зона „Блокотехна“- Негорци, општина Гевгелија;
4. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од 10.5), општина Гевгелија (барател: Друштво за трговија на мало „ЛИДЛ Северна Македонија“ ДООЕЛ Скопје),
5. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10.5, општина Гевгелија (барател: Миле Издушнов од Валандово),
6. Предлог-Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња и контрола на кучина со сопственик затекнати на јавна површина на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
7. Предлог-Програма за одбележување на истакнати личности со спомен-обележја во општина Гевгелија,
8. Предлог-Програма на Општина Гевгелија за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година,
9. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за прифаќање донација од Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје,
10. Предлг-Одлука за прифаќање донација од компанијата „ЕЛМОТЕРМ“ ДООЕЛ- Гевгелија;
11. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
12. Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во јавните здравствени установи во општина Гевгелија.
13. Информација за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 1.1.2023 г. – 31.12.2023 г.,
15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишната сметка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година.