Утре, (30 мај 2024 година), во Гевгелија ќе биде одбележан Денот на Европа, во организација на Еurope House- Струмица, а во соработка со Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. По тој повод, на Градскиот плоштад, во 18:00 часот, ќе започне Концертот на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“- Гевгелија. А потоа, со почеток од 20:00 часот, младите гевгеличани, како и сите граѓани, ќе имаат можност да се забавуваат со рок- хитовите на: „Конкорд“, „Архангел“, „Леб и Сол“, „Лева Патика“, „Меморија“, „Чоканче“ и „Ареа“, проследувајќи ги настапите на: Дани Димитровска, Ружица Брчиоска, Јасна Димитровска, Сашо Паркет и Наде Талеска. Како и да уживаат во Концерот на Камерниот оркестар на Битола „Рок Симфонија“.
– Не пропуштајте ја оваа единствена можност да бидете дел од незаборавниот музички хепенинг, кој ќе ги обедини звуците на класичната музика и енергијата на рокот, донесувајќи незаборавно искуство на сите присутни, велат организаторите, поканувајќи ги гевгеличани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Европа.