Во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, беше поставена Ликовната изложба „Планината предизвик, авантура“ во организација на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија. За што, беше распишан конкурс со натпреварувачки карактер, а пристигнаа 193 цртежи од учениците од основните и средните училишта во Гевгелија и Богданци, оценети од стручна комисија во состав на наставници по предметот Ликовна уметност.
Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, којшто го истакна своето задоволство од талентираните ученици и колоритните цртежи коишто ги истакнуваат убавините на планината Кожув:
– Ми беше чест да бидам бидам дел од изложбата организирана од ЗПСК „КОЖУФ“- Гевгелија во соработка со основните и средните училишта од нашиот град, којашто имаше за цел пренесување на нашата богата природа на лист и да се зголеми интересот за приклучување во акциите за планинарење. Браво за младите таленти од Гевгелија, кои со преголем ентузијазам и 193 цртежи, учествуваа на повикот за избор на најдобар цртеж.
Најдобрите три цртежа беа наградени од страна на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија, во соработка со спонзори.