На улицата „Ѓорги Стамков“- Гевгелија, во близина на ООУ „Владо Кантарџиев“, е изграден дополнителен крак на атмосферска канализација. Дополнителниот крак е поврзан на постоечката линија од атмосферската канализација на улицата „Коле Неделковски“- Гевгелија.
Со изведбата на овој градежен зафат, како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, се очекува да се подобри канализирањето на атмосферски води при обилните врнежи од дожд. И да се реши проблемот, со којшто долги години се соочуваа жителите во овој дел на градот.