Општина Гевгелија го објави Јавниот повик за субвенцинирање на граѓаните за купување велосипеди во 2024 година.
Од утре (4 јули 2024 година), започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипеди, согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија на 42. седница.
Право на аплицирање имаат граѓаните на општина Гевгелија, кои купиле велосипед во периодот од 1 април се до потрошувањето на средствата во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет за 2024 година предвидени за оваа намена, освен вработените во општинската администрација и членовите на нивните семејства, како и лицата кои минатата година добиле субвенции за велосипед.
Аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди ќе се врши во зградата на Општина Гевгелија, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
За добивање субвенции за набавка на велосипед е потребна следнава документација:
– копија од важечка лична карта или патна исправа,
– копија од трансакциска сметка,
– изјава за давање согласност за користење лични податоци,
– потврда од Општина Гевгелија дека е платен данокот за имот за станбениот објект во кој живее,
– доказ (фискална сметка или фактура) дека велосипедот е купен од трговци кои дејноста ја обавуваат на подрачјето на општина Гевгелија,
– барањето за добивање субвенции и изјавата за согласност за користење на личните податоци можат да се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија или да се подигнат од пултот во ходникот на Општина Гевгелија.
Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледани по редослед според датумот и времето на пристигнување, односно според принципот „прв дојден, прв услужен“.