Гевгелија доби ново поврзување со автопатот и Коридорот 10 со изградбата на патниот правец Милци. Со пресекување лента од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и новиот претседател на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицковски, во присуство на бројни гости, беше означена завршницата на овој капитален проект.
– По поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација, патниот правец кај Милци ги исполни условите за пуштање во употреба. Должината на делницата изнесува вкупно 850 метри со кружен тек. Реализацијата на оваа делница се реализираше во две фази, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија во износ од 18.917.780 денари. Гевгеличани покрај тоа што добиваат нова сообраќајна врска со граничниот премин Богородица, истовремено со реализацијата на овој патен правец се зголемува и можноста за нови потенцијални инвестиции во месноста – Милци, истакна градоначалникот Сарамандов во своето излагање за медиумите.