До 19 јули 2024 година, трае јавниот увид што Општина Гевгелија го организира за Урбанистички план за формирање градежна парцела за градба Г2- лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на делови од КП 638 и КП 629 КО Ново Конско, општина Гевгелија. Со овој урбанистички проект се зафаќа површина од 13.798 м2.
Во спомнатиот рок, сите заинтересирани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови коишто можат да се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија или да се подигнат во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина.