На Конкурсот имаат право да учествуваат правни и физички лица – државјани на Република Северна Македонија.
Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци, регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејност спорт, како и правни лица кои покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, се регистрирани и за вршење дејност спорт.
Конкурсот ќе трае до 13.11.2024 година.
Пријавите (апликациите) задолжително се преземаат од официјалната веб-страница на Општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk. Пријавите со потребните документи треба да се достават до Општина Гевгелија, преку пошта, на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Aрхивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот, на последниот ден од завршувањето на Kонкурсот, со назнака: „Конкурс за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2025 година“.
Апликантите задолжително да ги достават пријавите и по електронски пат (Word форма) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com.
Повеќе информации за условите и потребната документација можат да се добијат на линкот во прилог: Конкурс