Во Гевгелија, во присуство на претседателот на Владата на РМ, Христијан Мицкоски; градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов; претставници на МПЦ и на инвеститорите – компаниите „А-ПЛУС“ и „Новастон“, беше поставен камен-темелник на новиот МЕГА шопинг-центар. Новиот шопинг-центар се наоѓа на влезот на Гевгелија, на градбена површина од над 19.000 м², каде што се предвидени голем супермаркет, продавници со модни брендови, забавна зона и други содржини.
„Многу амбициозен, но не и неостварлив проект, вреден околу 20 милиони евра, што ќе овозможи на почетокот 350 нови вработувања до максималниот капациет од 500-тини- изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Оваа точка е навистина значајна, бидејќи околу 15 милиони возила годишно поминуваат тука. Нашата цел е годинава, за првпат, да забележиме една милијарда евра инвестиции, со што како држава ќе бидеме меѓу првите три, по глава на жител, кога станува збор за странски инвестиции“- истакна Мицкоски упатувајќи честитки до инвеститорот за одлучноста и благодарност до општината и до сите што помагаа за реализација на оваа инвестиција.
Според градоначалникот Андон Сарамандов, овој Мега – шопинг-центар ќе има голем инпут за економијата во Гевгелија. Притоа, нагласи: „Во изминатиов период, како локална самоуправа работевме посветено за да овозможиме подобри услови за нови инвестициони вложувања, заблагодарувајќи се на Владата на РМ, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, за континуираната поддршка за зголемена стопанска активност, развој и нови инвестиции во општините.“