Акцијата за изградба и реконструкција на улици
продолжи населеното место Миравци. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во завршените градежни работи за бетонирање на следниве улици и дел од нивните краци: „Моша Пијаде“, „Ѓорги Митров“, „Гоце Делчев“, „Русалиска“, „Едвард Кардељ“ и „Леонид Јанков“. Истовремено, при посетата на Миравци, Сарамандов оствари и средба со жителите на Миравци, на којашто го споделија своето задоволство од локалната самоуправа за решавањето на проблемите во патната инфраструктура во Миравци.
– Како што ветив минатата година, продолжува изградбата на повеќе улици кои преостануваат за уредување во Миравци, а се приоритетни за жителите. Со акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура, целта е подобрување на условите за живот во сите населени места, истакна Сарамандов.
Годинава, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија, а преку Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици, во Миравци беа изградени и краци од улиците „Иднина“, „Кирил Танев“ и „Елена Минчева“.