Излезе 107. издание на општинското гласило „Гевгелиски магазин“, кое е посветено на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, како и спектакуларното отворање со концертот на Националниот џез оркестар. Покрај насловната тема, новиот број на „Гевгелиски магазин“ донесува и интервју со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој покрај за културниот, зборува и за инвестицискиот напредок на општината, за досега реализираните и идните проекти и активности.
Најновиот број на „Гевгелиски магазин“ изобилува и со други информации за активностите во локалната самоуправа, како и посебни прилози за младите, културата и спортот. Во електронска форма е објавен на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија и може да се најде на следниов линк:
https://gevgelija.gov.mk/wp-content/uploads/2025/05/APRIL_2025.pdf