На 16 мај 2025 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 62. седница, на којашо ќе расправа по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, за период 01.01 – 31.03.2025 година и Предлог-Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија. Согласно ребалансот на Буџетот, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа и по Предлог-Измените и дополнувањата на повеќе Програми за 2025 година- за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија; за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта; за активностите во областа на образованието и за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија.
Предвидено е и донесување на Урбанистичките планови за село Негорци, КО Негорци, општина Гевгелија- плански период 2018-2028 година и за село Мрзенции за разработка на Блок 7, 12, 14 и 25, општина Гевгелија- плански период 2018-2028 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. Предвиден е следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, за период 01.01.2025 – 31.03.2025 год.,
3. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година,
4. Предлог-Програма за Измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2025 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2025 година,
6. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за село Негорци КО Негорци, општина Гевгелија- плански период 2018-2028 година,
7. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за село Мрзенци за разработка на Блок 7, 12, 14 и 25, општина Гевгелија- плански период 2018-2028 година,
8. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијативата од барателот за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр. 454 КО Мрзенци (барател: Ѓорги Јанев од с. Мрзенци),
9. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијативата од барателот за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр. 6424 КО Гевгелија (барател: Ѓорге Калков од Гевгелија),
10. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијативата од барателот за изработка на Урбанистички проект за село (УПС) за КП бр. 188 КО Ново Конско (барател: Слободан Ристов од Гевгелија),
11. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во проект за „Изградба на улица „Новопланирана индустриска 2”, Општина Гевгелија”,
12. Предлог-Одлука за кофинансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 3 (ReLOaD3),
13. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за обезбедување еднократна финансиска помош за опожарена куќа,
14. Предлог-Правилник за користење на недвижни ствари во сопственост на Општина Гевгелија од страна на Здруженија на граѓани, фондации и сојузи од Општина Гевгелија,
15. Предлог-Одлука за отуѓување на движни ствари- паркет (употребуван) изваден од спортската сала на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, во сопственост на Општина Гевгелија,
16. Предлог-Програма за Измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на образованието за 2025 година,
17. Предлог-Програма за измени и дополнување на Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2025 година,
18. Програма-Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, за делокругот на млади и службеникот за млади за 2025 година,
19. Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите во Локалниот младинскиот совет на Општина Гевгелија,
20. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски”“- Гевгелија за 2025 година,
21. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2026 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2025 година,
23. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2026 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2025 година,
25. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2026 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2025 година,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2026 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2025 година,
29. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2026 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2025 година,
31. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2026 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година,
33. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година,
34. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
35. Предлог-Решение за давање согласност на дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
36. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2025 г. – 31.03.2025 година,
37. Информација за состојбата и активностите за кучињата- скитници во општина Гевгелија,
38. Информација за состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија,
39. Информација за состојбата со хидрантската мрежа во општина Гевгелија,
40. Советнички прашања.