На 62. седница, Советот на Општина Гевгелија, со мнозинство гласови го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, за периодот јануари-март (кумулативно) 2025 година. Во овој период, од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2025 година, во висина од 741.302.538 денари, реализирани се приходи во висина од 196.302.538 денари или 26,45%, од кои тековно оперативни приходи 193.197.800 денари и 2.891.395 денари капитални приходи.
Додека, реализирани се вкупно расходи во висина од 190.957.570 денари, од кои 155.486.201 денар се тековно оперативни расходи и 35.471.299 денари капитални расходи. Во Основниот буџет, од планираните 363.632.321 денар реализирани се 109.089.756 денари приходи или 30%. Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 109.089.756 денари, капиталните расходи учествуваат со 33.600.773 денари или 30,86%.