Општина Гевгелија ги повикува сите заинтересирани установи, здруженија, организации и поединци што делуваат во областа на културата да се пријават на Конкурсот за финансирање програми и проекти од интерес на Општина Гевгелија за 2026 година. Целта на Конкурсот е поттикнување и поддршка на културното творештво, зачувување и афирмација на културното наследство, развој на културниот живот и уметничкиот израз во сите негови форми и жанрови. Право на учество имаат сите правни и физички лица кои својата дејност ја остваруваат во областа на културата и уметноста, а чии програми и проекти се од значење за развојот на културниот живот на локално ниво.
Конкурсот е отворен до 3 декември 2025 година, а пријавите се пополнуваат во образецот (посебен за физички и посебен за правни лица) што може да се преземе од веб-страницата на Општина Гевгелија.
Подетални информации, критериуми и насоки за пријавување се наведени во целосниот текст на Конкурсот, достапен на линкот даден во прилог.
Со објавувањето на овој Конкурс, Општина Гевгелија продолжува со континуираната поддршка на културните проекти што придонесуваат за збогатување на културниот идентитет и развој на локалната заедница.



