Во Урбан блок 10 во Гевгелија, во тек се градежни активности за изградба на Сервисната улица 6, која е со должина од 200 метри. Реализацијата на овој инфраструктурен зафат е поврзана со потребата од обезбедување соодветен пристап до станбените објекти во овој дел од градот, каде што во изминатиот период се реализираше интензивна станбена изградба и се зголеми бројот на жители.
Во моментов се изведуваат подготвителните работи за оформување на трасата на улицата. Активностите опфаќаат пробивање на улицата, поставување на ивичници, насипување и нивелирање на теренот со тампон, со што се создава потребната подлога за понатамошно уредување.
Изградбата на сервисната улица ќе придонесе за подобрување на пристапот до станбениот блок и полесно одвивање на сообраќајот и секојдневното движење на жителите во ова подрачје.
По завршувањето на подготвителната фаза, во наредниот период е предвидено асфалтирање на улицата, со што ќе биде ставена во функција како уредена сообраќајна површина.
Со реализацијата на ваквите инфраструктурни активности се продолжува со уредување на сообраќајната мрежа и подобрување на условите за пристап и функционирање во новите станбени подрачја во Гевгелија.








