По завршувањето на градежните активности на улицата „Ѓоко Тутушев“, зафатите за подобрување на патната инфраструктура продолжија на улиците „Сава Михајлов“, „Леонид Јанков“ и „Белградска“. По тој повод, градоначалникот на општина Гевгелија изврши увид во градежните активности.
На улицата долж „Сава Михајлов“, се изврши гребење и санација на долниот строј, по што беше поставен горниот финален слој асфалт. Исто така, во тек се и градежните активности за партерното уредување на просторот пред станбените комплекси коишто се наоѓаат на оваа улица.
Истите градежни активности се изведени и на улицата „Леонид Јанков“, додека пак на улицата „Белградска“ е извршена реконструкција на паркинг-просторот.
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, овие зафати се со цел да се подобри пристапот и секојдневните услови за живот согласно барањата на граѓаните. Исто така, потенцираше дека дадените ветувања се обврска, за што локалната самоуправа ќе продолжи со утврдување и решавање на секојдневните потреби на граѓаните на Општина Гевгелија.