На 17 април 2026 година, Општина Гевгелија го реализираше второто ларвицидно прскање против комарци, при што беа опфатени најризичните локации за развој на ларви на подрачјето на општината.
Третманот се спроведе долж коритото на реката Вардар, кај браните Топлик и Габрово, како и на повеќе долчиња и вирови, каде постојат поволни услови за задржување на вода и развој на комарци. Во насока на поефикасна и сеопфатна интервенција, за третирање беше користена современа опрема, вклучително и дрон, што овозможи рамномерна и прецизна апликација на средството. За време на спроведувањето на активностите, на терен беа присутни општински инспектор за животна средина и комунален редар, кои вршеа надзор и контрола на процесот.
Со оваа активност се овозможува навремено уништување на ларвите, со што се спречува нивниот понатамошен развој во возрасни комарци и се намалува ризикот од нивна појава во претстојниот период.
Општина Гевгелија и понатаму ќе продолжи со реализација на планираните мерки за дезинсекција, согласно утврдениот план и временските услови, со цел заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на квалитетот на животната средина.








