Советот на Општина Гевгелија, на 3. седница, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија зa 2025 година, за период јануари – септември. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2025 година, во висина од 868.182.633 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 609.204.236 денари или 70,17%, од кои 23.569.780 денари капитални приходи, а 585.634.456 денари оперативни приходи.
Од планираните приходи во Основниот буџет во висина од 459.390.959 денари, во периодот од 01.01. – 30.09.2025 година, реализирани се 79,95% или 367.314.046. Исто така, реализирани се 70,70% или 259.140.695 денари од планираните 366.543.238 денари приходи од дотации, 42,42% или 9.024.414 денари од планираните 21.274.044 денари приходи од донации и 50,45% или 10.582.600 денари од планираните 20.974.392 денари приходи од самофинансирачките активности на буџетските корисници од дејноста на образование, култура и детска заштита.
Додека, вкупните расходи во Кварталниот извештај учествуваат со средства во висина од 591.379.886 денари, од кои 150.985.543 денари или 25,53% се капитални расходи, а 150.985.543 денари припаѓаат на тековно оперативни расходи.
Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 330.456.527 денари, капиталните расходи учествуваат со средства во висина од 143.791.604 денари или 43,51%. Останатиот процент им припаѓа на тековно оперативни расходи во висина од 186.664.923.
Нереализираните расходи, односно приходи во вкупниот Буџет на Општина Гевгелија во износ од 17.824.350 денари од овој извештај се пренесуваат во наредниот период како приходи на блок дотација.
На седницата за разгледување на Кварталниот извештај за Буџетот за 2025 година, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја истакна реализацијата на приходите и расходите во периодот јануари – септември, со акцент на капиталните проекти и намалените обврски кон јавните претпријатија и изведувачите.
– Во дискусијата за Кварталниот извештај на Буџетот за 2025 година, ќе се фокусираме на основниот буџет како главен индикатор за реализацијата на програмските активности. Зголемувањето на приходите се должи на три компоненти: трансфери од други нивоа на власт, поврат на ДДВ кој е зголемен за 80% поради поголемата стопанска активност, како и повисоки приходи на данок на имот и наплата на специфични услуги- комуналии.
На расходната страна, најголем дел се капиталните расходи, за кои досега се реализирани бројни капитални проекти и е остварен рекорден резултат. Исто така, во периодот јануари – септември, значително се намалени обврските за отплата на главница, особено за водоснабдителниот систем и за доизградбата на училниците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Намалени се и доспеаните обврски кон ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, а тековните обврски кон изведувачи се 23.000.000 денари. Нереализираните расходи, основно приходи, во висина од 17.824.350 денари се пренесуваат во наредниот период во приходи на блок дотација. Резултатите на приходната и расходната страна, заклучно со овој квартал, се одлични. Верувам дека до крајот на годината, како и во наредната, ќе продолжиме со висок процент на извршување на буџетот и со реализација на сите предвидени програмски активности од интерес на граѓаните- истакна градоначалникот Сарамандов.



