вторник, 15 септември , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фестивал што ја претставува Гевгелија преку локалните производи, културата и уметноста: „TASTE THE SOUTH“ Vol. 04 – три дена музика, вкусови и дружење

Petar by Petar
септември 15, 2026
in ВЕСТИ
0
Фестивал што ја претставува Гевгелија преку локалните производи, културата и уметноста: „TASTE THE SOUTH“ Vol. 04 – три дена музика, вкусови и дружење
0
SHARES
4
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Гевгелија го одбележа четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the south- Вкуси го југот Гевгелија“ (Vol. 04), кој од 11 до 13 септември 2026 година го претвори просторот кај Mega Shopping park во место за дружење, музика, гастрономски вкусови и културна размена. Во текот на трите фестивалски дена, публиката имаше можност да проследи програма во која се најдоа локалниот фолклор и современиот танц, младите музички сили и дел од познатите имиња на македонската музичка сцена.

Првата фестивалска вечер, на 11 септември 2026 година, почна во знакот на локалниот фолклор, со настапите на ЗКУД „Негорци“ од Негорци и ЗКУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Со своите кореографии, песни и традиционални носии, двете фолклорни групи го донесоа духот на минатото директно на фестивалската сцена. Нивниот настап беше своевиден потсетник дека приказната за југот започнува токму од локалното културно наследство и од луѓето кои го чуваат и пренесуваат на новите генерации. Музичкиот дел од петочната вечер продолжи со бендот на Филип Стојанов, составен од кларинет, труба и други дувачки инструменти, кој пред фестивалската публика донесе препознатлив народен музички израз. Со живата интерпретација и карактеристичниот звук на дувачките инструменти, бендот ја продолжи атмосферата на вечерта и направи природна врска меѓу фолклорните настапи и народната музика што следуваше во продолжение на програмата.

Related posts

Завршен капиталниот проект за обнова на Старата чаршија во Гевгелија

Завршен капиталниот проект за обнова на Старата чаршија во Гевгелија

септември 6, 2026
Изграден потпорен ѕид покрај реката во Давидово, следува изградба на патот

Изграден потпорен ѕид покрај реката во Давидово, следува изградба на патот

септември 2, 2026

Потоа следуваше „Пауза за ракија“, со концертен настап кој одлично се вклопи во концептот на „Тaste the south“. Нивната музика го надополни гастрономскиот дел од Фестивалот и создаде амбиент во кој храната, пијалакот, музиката и дружењето се претворија во една заедничка фестивалска приказна. Со „Куку Леле“, петочната вечер доби уште поразигран ритам. Нивниот настап ја раздвижи публиката и внесе препознатлива концертна енергија, претворајќи го просторот пред сцената во место за забава и заедничко уживање во музиката. Завршницата на првата вечер ѝ припадна на „Брас Брадарс“, кои со моќниот звук на дувачките инструменти понудија поинакво концертно доживување. Нивниот настап донесе силен ритам и енергична завршница, со која првата фестивалска вечер беше заокружена во динамична атмосфера.

Саботната вечер (12 септември 2026 година) повторно започна со претставување на традиционалните културни вредности, овојпат преку настапот на КУД „Танец“ од Миравци. Фолклорниот настап на миравчани ја продолжи приказната за богатото наследство на населените места од гевгелискиот крај, внесувајќи автентичен народен израз во фестивалската програма. По нив настапи „Леге Артис“, со што сцената премина во поинаков музички регистар. Нивниот настап ја задржа динамиката на вечерта и го подготви фестивалскиот простор за концертниот дел од саботната програма.

Кико Болеро и „Болеро“ бенд продолжија со препознатлив музички израз и концертна атмосфера. Нивниот настап донесе раздвиженост меѓу публиката и создаде вовед во она што следуваше како главен музички дел од вечерта. Внимание привлече концертот на „Нокаут“, еден од настапите што ја собра публиката околу добро познатите македонски хитови. Со песни кои се присутни во музичкото паметење на повеќе генерации, бендот создаде концерт во кој заедно уживаа и помладите и повозрасните посетители. Настапот покажа дека добрата македонска поп-рок музика и понатаму има силна врска со публиката. Саботната вечер доби посебен сценски карактер со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“. Покрај музиката, нивниот концерт донесе препознатлива сценска комуникација, непосредност и хумор, по што настапот се претвори во повеќе од класичен концерт – во вистинско дружење со публиката. Со нивната енергија беше заокружена втората фестивалска вечер.

Последниот ден (13 септември 2026 година) донесе поинаков концепт и можност фестивалската сцена да им припадне и на најмладите учесници. Попладневната програма ја отворија учениците од Школата за гитари при Пионерскиот дом, кои пред фестивалската публика ги претставија своите музички знаења и вештини. За младите музичари, ваквиот настап е значајно искуство- можност да излезат од рамките на наставата и да ја почувствуваат вистинската сцена пред публика. По нив настапија и младите музичари од Школата за тапани при Пионерскиот дом. Ритамот на тапаните внесе свежина во неделното попладне, а настапот уште еднаш покажа дека вложувањето во музичкото образование отвора простор младите таленти да станат активен дел од културниот живот во градот. Во продолжение настапи Ансамбл „Бојмија“, кој со својот традиционален музички израз ја продолжи врската на Фестивалот со македонското фолклорно наследство. Нивниот настап беше уште една потврда дека традиционалната музика има свое место и во современите фестивалски концепти.

Со настапот на „Мистик“, програмата продолжи со современ музички звук. Нивниот настап внесе нова енергија во неделната програма и создаде премин кон завршниот, поконцертен дел од Фестивалот. Посебно место имаше Музичкиот фестивал „Калинка“, преку кој на сцената повторно беа присутни младоста, музиката и креативноста. Настапот на младите учесници даде можност нивниот талент да биде претставен пред поширока публика.

По „Калинка“, со својот настап се претстави Наталија Данаилова, внесувајќи вокална разновидност во завршниот дел од програмата. Нејзиниот настап ја задржа музичката динамика и ја подготви публиката за големото финале. Посебно место во неделната вечер имаше настапот на „Два Бона“, кој беше особено близок до помладата публика. Со современиот музички израз и препознатливиот ритам, дуото внесе силна младешка енергија и покажа дека фестивалската програма успешно ги опфаќа и современите музички вкусови на младите. Големото финале ѝ припадна на Каролина Гочева, која со својот концерт го заокружи тридневното фестивалско издание. Нејзиниот настап донесе препознатливи песни и силна концертна атмосфера, но и нешто повеќе- музика што природно ги поврзува различните генерации во публиката. Со Каролина, „Taste the south- Вкуси го југот Гевгелија“ доби завршница достојна за трите дена исполнети со музика, вкусови и дружење. Во програмата на последната фестивалска вечер беше вклучен и Дејан Малзарков со своето стенд-ап шоу „Диверзија“, со кое внесе хумор и дополнителна забавна содржина во фестивалската програма.

Во текот на тридневниот фестивал, музичката програма беше надополнета со гастрономската понуда, преку штандовите на локалните винарии, производителите на храна и угостителските субјекти, кои на посетителите им понудија можност да дегустираат и да се запознаат со локални производи и специјалитети. Посебен дел од фестивалската програма беа и традиционалните гастрономски презентации, преку кои беа оживеани карактеристични начини на подготовка на храна и производи од гевгелискиот крај. Така, во петокот посетителите имаа можност да го проследат правењето ајвар, во саботата беше претставено печењето ракија и мастика, додека во неделата се подготвуваше слатко од смокви, овошје карактеристично за гевгелиското поднебје. Преку овие содржини, Фестивалот понуди непосредна можност за запознавање со дел од локалната гастрономска традиција и начинот на кој таа се пренесува и чува.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод одржувањето на четвртото издание на „Taste the South- Вкуси го југот Гевгелија“, истакна:

– Богатата музичка програма со настапи на голем број македонски изведувачи и артисти придонесе Фестивалот да помине во преубава атмосфера, исполнета со дружење и убави моменти за сите генерации. Посетителите имаа можност да уживаат во традиционалните вкусови од нашиот регион, подготовка и дегустација на домашниот гевгелиски ајвар, смокви и производи од смокви, како и традиционалното производство на ракија. Својата понуда ја претставија и локалните производители, конзервните фабрики и гевгелиските винарии со своите производи и вина. На задоволство на гевгеличани, „Taste the South“ прерасна во препознатлив бренд на Гевгелија и важен дел од културната и туристичката понуда на градот, кој ги поврзува и промовира локалните производители, традицијата и културата и создава нови содржини за нашиот град. Истовремено ја претставува Гевгелија како град кој има што да понуди и како место каде што луѓето сакаат да доаѓаат и повторно да се враќаат. Благодарност до сите посетители, учесници, изведувачи, производители, винарии, организатори, Општина Гевгелија и сите кои придонесоа четвртото издание на „Taste the South“ да биде успешно. Продолжуваме да создаваме нови содржини, да ја промовираме Гевгелија и заедно да градиме град со свој препознатлив карактер, традиција и гостопримство.

Со четвртото издание, „Taste the south- Вкуси го југот“ уште еднаш ја потврди препознатливата идеја и определба на локалната самоуправа- Гевгелија да понуди место каде што традицијата не е спротивставена на современото, туку живее заедно со него, а гастрономијата станува повод за музика, дружење и создавање нови фестивалски спомени. Како дел од туристичката платформа на Општина Гевгелија „Gevgelija- Spice up the journey“, Фестивалот дополнително ја збогатува туристичката понуда на градот, претставувајќи ја Гевгелија преку нејзините вкусови, културни вредности, музичката сцена и локалниот дух. „Taste the south“ на тој начин не е само гастрономско-музички настан, туку дел од пошироката туристичка приказна на Гевгелија- град кој својата препознатливост ја гради преку доживувања што ги поврзуваат локалната традиција, современата култура, гостопримството и автентичните вкусови на југот.

Previous Post

Одлука по Интерен оглас број 02/2026

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Фестивал што ја претставува Гевгелија преку локалните производи, културата и уметноста: „TASTE THE SOUTH“ Vol. 04 – три дена музика, вкусови и дружење
  • Одлука по Интерен оглас број 02/2026
  • Урбанистички Проект за село за формирање на градежна парцела дел од КП 491 и дел од КП 1656 КО Мрзенци од Урбанистички план за село Мрзенци со разработка на Блок 7,12,14 и 25, општина Гевгелија  изработен од  ДТГУ  ,,МЕТЕСКИ АРХИТЕКТИ”  дооел Битола
  • Завршен капиталниот проект за обнова на Старата чаршија во Гевгелија
  • Четиринаесетта седница на Совет на Општина Гевгелија – 25 август 2026

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset