ЈП „Македонија пат“- Секција Гевгелија, во координација со Општина Гевгелија, ги известува граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека во периодот од 9 до 11 јули 2026 година се спроведуваат активности за машинско расчистување на одрони на регионалниот пат Гевгелија – Смрдлива Вода.
За непречено извршување на работите е воспоставен времен режим, при што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да се движат со зголемена внимателност и да ја приспособат брзината на движење, со цел безбедно одвивање на сообраќајот и непречено спроведување на активностите.


