Вечерва (9 јуни 2025 година), со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ќе се одржи целовечерен Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа, како дел од богатата програма на Проектот „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Концертот е посветен на промоцијата на новото концертно пијано, набавено неодамна за потребите на Училиштето и претставува значајна активност во развојот на музичката уметност во Гевгелија.
На програмата се застапени класични композиции од: Јанез Матичич, Билјана Бојовиќ, Јан Сибелиус и Фредерик Шопен. Настанот е во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија како дел од заложбата за поттикнување на музичкото образование и збогатување на концертната понуда во градот.

