Советот на Општина Гевгелија, во рамки на своите редовни активности и надлежности за разгледување и донесување одлуки од значење за локалната самоуправа и граѓаните, ќе ја одржи својата 9. редовна седница на 27 април 2026 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. Седницата ќе започне во 11:00 часот. За работа е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2026-31.03.2026 година,
3. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на Општинскиот совет за училишен спорт- Гевгелија за реализација на Програмата за Регионална спортска лига на основни училишта- Југоисточен регион (мал фудбал),
4. Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија со Општина Богданци,
5. Предлог-Одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП бр. 12.03.16 од ДУП за Блок 12, КО Гевгелија,
6. Предлог-Одука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на градежните парцели ГП 10.4.8 и ГП 10.4.5 од ДУП за Блок 10 (10.1, 10.3, 10.4 и 10.5, Одлука бр. 07-1667/1 од 12-13.09.2013) КО Мрзенци, општина Гевгелија,
7. Предлог-Решение за дополнување на Решението за именување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
8. Информација за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите од општина Гевгелија,
9. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за проценка на висината на штетата од елементарна непогода- силен ветар што го зафати подрачјето на општина Гевгелија на 17-18.02.2026 година,
10. Советнички прашања.


