Првото електронското издание на општинскиот гласник „Гевгелиски магазин“ донесува повеќе информации за случувањата и актуелностите во општина Гевгелија. Во новиот, 109. број, „Гевгелиски магазин“ се осврнува на активностите нa локалната самоуправа во текот на изминатата 2025 година, преку сеопфатен преглед на реализираните проекти, мерки и активности од значење за граѓаните.
Покрај редовните рубрики, „Гевгелиски магазин“ ја донесува и традиционалната рубрика „Нај…2025“ за настаните и личностите кои ја одбележаа минатата година. И тоа, во сите сфери на општественото живеење, од капиталните инвестиции и инфраструктурните зафати, преку унапредувањето на комунално-урбаните услуги, до реализацијата на бројни активности и настани во областа на културата, спортот, образованието и младите. Преку фотографии, информации и кратки осврти, читателите можат да добијат јасна слика за динамиката и обемот на општинските активности во текот на 2025 година.
„Гевгелиски магазин“ останува транспарентен и достапен извор на информации за сите граѓани, со цел навремено и објективно информирање за работата на локалната власт и заедничките успеси на општината.


