среда, 18 ноември , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Знаењето, посветеноста и заедништвото во фокусот на патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија

Petar by Petar
ноември 18, 2026
in ВЕСТИ
0
Знаењето, посветеноста и заедништвото во фокусот на патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија
0
SHARES
2
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Со свечена програма, доделување признанија и мултимедијална претстава доделување признанија, ОOУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, на 17 ноември, го одбележа својот патрон празник. Во рамки на Свечената академија, којашто се одржа во Народниот театар- Гевгелија беше проследена и мултимедијална претстава подготвена од учениците и наставниците по повод патрониот празник на Училиштето.

Во рамки на свечената програма, директорката на Училиштето, Ружица Икономова, упати обраќање до присутните гости, наставниците, родителите и учениците, осврнувајќи се на значењето на името на патронот и одговорноста што ја носи неговото наследство. Таа истакна дека името на Училиштето не е само натпис над влезот, туку обврска што се потврдува преку секојдневната работа и односот кон учениците.

Related posts

Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година

Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година

ноември 18, 2026
Општина Гевгелија добитник на наградата „Младински пријателски град“ за Југоисточниот Плански Регион

Општина Гевгелија добитник на наградата „Младински пријателски град“ за Југоисточниот Плански Регион

ноември 18, 2026

– Секое утро, пред првиот час, сите ние минуваме под едно име. Го гледаме толку често што лесно престануваме да го забележуваме. Но името што го носиме не е само натпис над влезот. Тоа е обврска. Името на Владо Кантарџиев не се чува во рамка на ѕидот. Се чува во начинот на кој работиме, на кој се однесуваме едни кон други и на кој го пречекуваме секое дете што ќе влезе низ таа врата.

Осврнувајќи се на вредностите што го прават едно училиште вистинска образовна и воспитна средина, Икономова посочи дека успехот не може да се мери единствено преку бројките и резултатите запишани во извештаите, туку и преку многубројните секојдневни моменти кои често остануваат незабележани.

– Денес нема да зборувам за тоа колку сме успешни. Успехот се мери и се запишува во извештаи. Сакам да зборувам за она што никогаш не влегува во извештаите, а сепак е причината поради која сме тука. За ученикот кој со месеци молчеше на часот, а едно утро крена рака и рече: „Јас мислам поинаку. За наставничката која по последниот час остана во празната училница за уште еднаш да објасни она што некој не го разбрал. За стручната соработничка која знае дека понекогаш најважниот разговор не е за оценки. За служителот кој прв ја отклучува зградата и последен ја заклучува. За родителот кој не дојде да праша „колку доби“, туку „како можам да помогнам. Ниту еден од овие моменти нема да го најдете во годишниот извештај. А токму од нив се прави училиште.

Зборувајќи за вредностите врз кои се гради училишната заедница, директорката нагласи дека вистинската сила на училиштето е во тоа секој да се чувствува прифатен, забележан и охрабрен, а грешките да се прифаќаат како можност за учење и нов обид.

– Затоа, ако некој ме праша зошто вреди да се биде дел од ова училиште, одговорот не е затоа што сме совршени. Вреди затоа што тука никој не е невидлив. Тука трудот се гледа, а грешката не е крај, туку почеток на следниот обид.

Осврнувајќи се на доделувањето на признанијата по повод патрониот празник, таа истакна дека тие не претставуваат само индивидуално признание за постигнатите успеси, туку и потврда за вредностите што заеднички се негуваат и градат во училиштето.

На крајот од своето обраќање, директорката ја заокружи пораката со осврт на одговорноста на сегашните генерации да му дадат вистинско значење на името што го носи училиштето, преку својата работа, постапки и однос кон секој ученик.

– Името над влезот ќе остане исто. Од нас зависи дали ќе значи нешто. Денес, гледајќи ве, знам дека значи. Среќен празник- беа завршните зборови на Икономова.

Во продолжение на свечената програма беа доделени признанија за наставник на годината, ученици кои во текот на годината оствариле значајни резултати на натпревари, конкурси и други активности, како и признанието „Ученик на генерацијата“, со што беше оддадено признание за нивниот труд, знаење, упорност и посветеност, а потоа следуваше уметничкиот дел.

Преку комичен приказ на секојдневието на едно современо семејство, претставата ги отслика разликите во размислувањата, навиките и вредностите помеѓу повеќе генерации, отворајќи ја темата за јазот што сè почесто се создава во меѓусебната комуникација и разбирање. Посебен акцент беше ставен на влијанието на современите медиуми, мобилните телефони и интернетот врз секојдневниот живот, семејните односи и начинот на кој комуницираат различните генерации. Низ хумор и препознатливи ситуации од секојдневниот живот, беше прикажан судирот на генерациските гледишта, различниот пристап кон дигиталните технологии и предизвиците што тие ги носат во меѓусебното разбирање, но и потребата од поголема меѓусебна толеранција, внимание и поврзување.

Културната програма беше збогатена со настапот на училишниот хор, како и со вокалните изведби на неколку ученици кои, во рамки на мултимедијалната претстава, на сцената ги донесоа македонските евергрини, внесувајќи музичка нота и дополнителна атмосфера во празничната вечер.

Previous Post

Општина Гевгелија добитник на наградата „Младински пријателски град“ за Југоисточниот Плански Регион

Next Post

Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година

Next Post
Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година

Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Општина Гевгелија ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година
  • Знаењето, посветеноста и заедништвото во фокусот на патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија
  • Општина Гевгелија добитник на наградата „Младински пријателски град“ за Југоисточниот Плански Регион
  • На час по општество во Општина Гевгелија: учениците учеа за локалната самоуправа со градоначалникот Сарамандов
  • Одржана 18. седница на Советот на Општина Гевгелија: Разгледани буџетските измени за 2026 година, Развојните програми за 2027 година и прашања од локален интерес

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset