На 8 мај 2025 година (четврток), по повод „Гевгелија град на културата за 2025 година“, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостува НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ со претставата „Вечера за глупаци“. Изведбата ќе започне во 20:00 часот, а влезот е слободен.
Хит-комедијата „Вечера за глупаци“ е приказна која го коментира високото француско општество кое презаситено од сè што може да си пружи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните од нив. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува. Од НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес велат гевгеличани да се подготват за вечер исполнета со смеење, изненадувања и апсурди кои ќе ги држат приковани за седиштата до последната сцена.
Претставата е работена по текст на Францис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски, Сандра Танчева, Талија Настова, Јордан Витанов и Сашко Костов.
Гостувањето на НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ со претставата „Вечера за глупаци“ за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.






