На 8 мај 2025 година, гевгеличани уживаа во незаборавната театарска вечер со претставата „Вечера за глупаци“ на НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ од Велес.
Фаик Мефаилоски во улогата на Пињон брилираше со секоја реплика и израз, предизвикувајќи смеа низ солзи и постојани реакции од публиката. Покрај него, со маестрална актерска игра се истакнаа и: Жарко Спасовски, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски, Сандра Танчева, Талија Настова и Јордан Витанов, кои преку хумор и иронија на француското „високо општество“ ја одржаа атмосферата жива до последната сцена.
Сценариото на Францис Вебер, поставено под режисерската палка на Ненад Витанов, умешно го отвори прашањето: „Кој ќе излезе навистина глупав- оној што исмева или оној што е исмеан?“
Сведоците на „Вечера за глупаци“ долго ќе ја паметат оваа изведба- задоволството да се изгледа претставата во рамки на „Гевгелија град на култура за 2025 година“ беше очигледно, бидејќи на крајот сите на нозе со долг и искрен аплауз го поздравија актерскиот ансамбл.
















